Podrska Sasku


Gost

/ #2660

2013-05-29 07:00

Сашко е еден од најморалните, најодговорните и најдобрите луѓе кои јас ги познавам. Тој е човек кој многу добро знае да ги постави приоритетите во животот, има јасни цели во животот и се труди да ги оствари одејќи само по патот кој Бог ни го трасирал. Да го познавате, ќе се согласите со мене дека овој драг човек е полн со ведрина, голема харизма, добрина и пред се разбирање, доверба и почитување за другите луѓе. Човек на кој на прво место му е Бог и семејството не може ни да помисли да ги повреди чувствата на другите луѓе, а не пак да направи некакво дело со што физички или материјано ќе му наштети. Сашко ќе го носи на совест овој човек целиот свој живот и ќе жали за тоа што така морало да се случи....но во тие околности сигурно морало тоа да се случи.. На секој сопруг и родител ако ова му се случело сигурна сум дека сосема исто би реагирал. Нормално е кога човек е нападнат и при тоа е загрозен неговиот живот и животот на неговите најмили да се брани!!!