ЗА СПАС НА КОЊИТЕ ВО СКОПЈЕ, Р.МАКЕДОНИЈА!

http://www.anima-mundi.org.mk/images/peticija%20kowi.jpgСоочен/а со секојдневни слики на изнемоштени коњи на улиците на Скопје,болни, гладни и жедни, тепани и приморувани да се движат и тогаш кога не можат ниту педа подалеку, ја потпишувам оваа ПЕТИЦИЈА со барање да се забрани употребата и искористувањето на коњите на територија на град Скопје и пошироко, како влечно средство.
Свесен/на сум дека коњите најчесто ги користат сиромашните слоеви на населението, оние на кои судбината и општеството не им дала поинакви опции, оние што немаат услови за поинаку. Со нив сочувствувам и не осудувам никого, но сметам дека никој нема право да живее врз маките на недолжните животни.
Затоа го поддржувам Барањето да се запре мачењето на животните и да се стави крај на пеколот што го живеат на скопскиот асфалт. Барам Скопје да биде препознаето по хуманоста, а не преку мачењето на животните по улиците кое е трауматична слика за секој жител, но и бројните странски посетители кои се шокирани од она што го гледаат во главниот град на Република Македонија.
Ги поддржувам предложените 4 фази, посочени во јавното обраќање на Анима Мунди:
1) прва фаза во која би се евидентирале коњите на територија на град Скопје, нивната психофизичка состојба и секако сопствениците на тие коњи, за што здружението нуди помош.
2) Обезбедување на соодветна локација за сместување на коњи, нивно понатамошно живеалиште со капацитет за грижа, нега до 50 животни; обезбедување на работен тим кој би се грижел за животните (напомена – лицата да се задолжително луѓе кои сакаат животни и ја познаваат психологијата на коњите), за што здружението нуди помош.
3) Итно одземање сите коњи кои ќе се проценат како најизнемоштени, стари, болни, повредени и нивно сместување во наменското живеалиште (прва фаза) и со тенденција за одземање и сместување на сите останати коњи (втора фаза)
4) Обештетување на лицата кои го користеле коњот како превозно средство со соодветни превозни средства кои ќе одговараат за непречено движење во градот и го помогнат/унапредат нивното живеење.

со почит,


Анима Мунди    Kontaktirajte autora peticije